Чувајте ги корените и учете македонски

Во нашата заедница премногу брзо се заборава колку тешко беше да се внесе македонскиот јазик во Викториската наставна програма. Таа битка беше добиена после многу тешкотии и напор, но за жал, во изминатава декада постојано се намалува бројот на деца што го изучуваат македонскиот јазик.

Низ годините го загубивме училиштето во Резерво и не смее да се дозволи да ги загубиме и другите училиштата, каде што се предава македонски. Треба сите активно да работиме за изучувањето  да опстои. Многу е важна улогата на родителите што би требало да ги охрабрат децата да ја чуваат традицијата и културата, и за децата сигурно е пријатно да имаат чувство на припадност на обичаите на своите родители.

Македонски јазик се изучува во Keilor Downs Secondary College, Lalor North Primary School, Lalor Secondary College, Thomastown Secondary School, Shepparton Secondary School, Altona North Secondary School, Epping Secondary School, Dandenong и North Geеllong. За повеќе информации може да се јавите во главната канцеларија на Викториското Школо за јазици на тел: 9474 0500.

Останати вести