Шеесет и едногодишната Т.С. е во 30-дневен притвор откако беше обвинета за малтретирање и злоставување на 9-месечното детенце кое го чувала како дадилка во скопската населба Ѓорче Петров.
Видеото со снимката што тајно ја направил таткото на детенцето ја револтираше не само македонската туку и целата балканска јавност, откако беше поставена на социјалните мрежи од страна на тетката на малтретираното дете. Родителите на малиот Даријан велат дека Т.С. веќе 5 месеци го чувала бебето. Таа била мајка на три деца и баба на неколку вници. Ја ангажирале како роднина која живеела во соседството. Но, се посомневале во нејзината работа кога забележале модринки по телото на малиот Даријан. На почетокот тие мислеле дека модринките се од постарото братче, но откако ја поставиле камерата биле шокирани од она што говиделе.
Казната за ова дело е од 1 до 10 години затвор.
МВР потврди дека поднело кривична пријава против Т.С. поради постоење основано сомневање дека сторила кривично дело „запуштање и малтретирање на дете” предвидено и казниво по член 201 од КЗ на РМ. Казната за ова дело е од 1 до 10 години затвор.
„Пријавената во периодот од мај до 1 септември, додека била ангажирана како негователка задолжена за грижа за животот, здравјето и негувањето на 9- месечно дете го малтретирала и грубо се однесувала од што истото пројавило проблеми со врискање во ноќните часови, невеселост и нервоза.
На 20 август таткото на 9 месечното дете ненајавено влегол во домот и ја забележал Т.С. како со рака по лицето го удира, но истиот не изреагирал, сметајќи дека можеби се работи за негов превид. Наредните денови поставил видео камера во својот дом со цел да го заштити своето дете и да утврди како за него се грижи пријавената, на 2 септември ја извадил видео снимката и забележал како го малтретира и тепа детето, грубо се однесува кон него, со викање, навредување, штипење за рацете, грубо тресење во релаксаторот и во раце, тегнење на ушите и други облици на грубо однесување”, соопшти МВР.
Таткото потоа го пријавил случајот во полиција и ја оставил и видеоснимката . Мемориската картичка била дадена на вештачење во Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика во МВР.
RAMKA> Адвокатот на дадилката: Снимката е незаконски направена, дадилката го негира делото
Притворот за дадилката Т.С. е одреден врз основа на доказ што е незаконски прибавен и судијата е должен тој доказ веднаш да го издвои. Истиот суд пред кратко време за друг познат случај одлучи токму вака, но како ќе одлучи во овој случај ќе видиме. Одлуката ќе биде донесена се надевам исто така брзо и Т.С. ќе има еднаков третман како и тие во претходниот случај, вели Ванчо Мицев, адвокатот на дадилката што малтретираше бебе.
Според Мицев, ова е уште еден случај што покажува дека во Македонија не се почитува принципот на презумција на невиност а јавните медиуми не може да се користат свесно или несвесно за време на притисок на судот.
Тој најави и кривична пријава против роднината на бебето што на социјалната мрежа Фејсбук ја објави снимката од насилното однесување на дадилката кон деветмесечното бебе Даријан. Т.С. пак, кога била повикана на разговор во МВР на 9 септември во целост го негирала извршувањето на кривичното дело.