Прва државна лига на Викторија северо–запад, 22 коло
Завршија со ист број бодови какои и шампионот
Навистина извонредно завршување на овогодишното првенство, во кое нашата Сиднам Парк Македонија е со еднаков број бодови како и шампионот Вестерн Сабрбс, но за жал имаше послаба гол разлика. Вестерн Сабрбс славеше во поседото коло победа над Корајо со 4–0.
Подобрата гол разлика беше пресудна за инаугурирање на шампионот. Навистина целата управа и тимот на Сиднам заслужуваат пофалба за постигнатиот резултат оваа сезона. Се надеваме дека тоа ќе се повтори и следната година кога двата првопласирани тима ќе имаат можност да одат едно скалило погоре.