Прва државна лига на Викторија северо–запад, 10 коло
Тесна победа на гостувањето кај Дајмонд Вали, домаќините се сигурни кандидати за испаѓање во првиот дел на првенството затоа што од десет одиграни средби имаат само четири бодови. Од друга страна нашиот Сиднам Парк повторно фаќа приклучок за третото место на табелата и се враќа во формата што ја имаше минатата сезона.
Во следното коло, во сабота, на 11 јуни, Сиднам Парк Македонија на домашен терен ја пречекува екипата на Јаравил ФК со почеток во 15 часот.