Еден од најдобрите концерти што го имаме видено во Австралија во подолго време се одржа минатава сабота во Мелбурн во Емералд рецепција. Прекрасно е да се види комбинацијата на Дамјан Стојаноски, Влатко и Златко Миладиноски.
Настапувајќи со хитови кои се случуваат еднаш на пет или десет години “Велат не нема” и “Тешко мина докторе”. Публиката беше доведена до транс. Дамјан Стојаноски, кој е син на легендата Војо Стојаноски и неговиот братучед Влатко Миладиноски во моментов се убедливо најдобрите машки вокали во Македонија, и создадоа прекрасна атмосфера со изворни песни. Се играше и пееше до утринските часови, а се редеа хитови и песни кои можат да ги испеат само гласовите на овие млади ѕвезди.
Вечерта на публиката и беше откриено дека двајца од авторите на песната “Велат не нема”, Крсте Наумоски – Мечкар и Тоде Новачевски, кои соработувале преку интернет со интерпретаторот на песната Влатко Миладиновски, за прв пат се сретнуваат во животот на оваа турнеја. Тоа беше скапоцен момент кој еднаш се доживува. Следеше песна без музика само со музикалните гласови на двајцата пеачи која ја крена целата сала на нозе. Да не се пропушти и професорот Златко Миладиноски кој е вистински виртуоз на хармоника и заедно со локалните музичари од “Амадеус бенд” и “Пелистер бенд” создадоа вистинска магија.
Аце Петровски, претседателот на Австралиско Македонската Младинска организација Никола Карев од Мелбурн, понесен од атмосферата изјави дека ова е доказ дека може да се направат успешни концерти без балканска музика. Ние сите имаме должност и треба да ја негуваме нашата култура и песна.
Од закажаните десет концерти, започнувајќи од Мелбурн, Волонгонг, Сиднеј, Квинбијан, Њукасел и Перт, шест се целосно распродадени а се очекува и на преостанатите наскоро да нема повеќе место.
Затоа побрзајте да си обезбедите карта, за повеќе информации можете да се јавите кај Аце Петровски на 0417 128 641.




