Кога Данците бараат дел од Германија

Во срцето на Европската Унија во текот на годината кога се германските избори, од моќните дански десничари пристигна барање за промена на границите. Тие сакаат на германскиот остров Силт да се виори – данско знаме.

Така, покрај темата за правата на националните малцинства, и темата за промена на границите на ЕУ, (што е на извесен начин табу-тема, затворена по горчливите искуства од двете светски војни и поновата политичка историја на Европа), стана нешто што зборува со доза на хумор, но и со сериозни политички коментари.
Заменик-шефот на десно конзервативната данска Народна партија, Сорен Есперсен, сака границата на Данска да се помести кон југ.
Со тоа, градовите Фленсбург, Рендезбург и островот Силт (во покраината Шлезвиг – Холштајн) што се смета за убавица на Северното Море, каде што се одмораат Германците и нивните политичари, да припадне на Данска.
„Ние би сакале Данска да биде до реката Ајдер… Се разбира… Зошто не би го сакале тоа? Тоа е надеж и сон… Историјата не е статична…”, рече Есперсен, а германските политичари реагираа со политички и туристички коментари и предупредувања.
„Ова се постигнува кога Европа ќе им се препушти на десничарските популисти”, предупредува експертот за прашањата на внатрешната политика на владејачката Христијанско-демократската унија (ЦДУ), Армин Шустер.
Партијата на данското малцинство во Германија, SHW, ги отфрли како популистички, нереални и несоодветни барањата за промена на границата на данскиот десничар.
„Идејата островот Силт и Шлезвиг да станат дански е опасна по децениите мир на границата постигнат заеднички по вековниот данско-германски конфликт”, изјави шефот на парламентарната група на SHW во парламентот, Кил Ларс Хармс. Во меѓувреме, шефот на данската дипломатија, Андерс Самуелсен, по повод изјавата и во врска со барањата на Есперсен за поместување на границата, само накратко изјави дека тоа „како што е познато, не е политика на Данска или на данската влада”.
(Бета)

Останати вести