Данденонг Вулвс – Нобл Парк Македонија 1:1

На едно коло пред крај на годинашното првенство Нобл Парк со освоениот бод од овој натпревар падна на третото место во лигата. Сега второпласираниот Сандаун Лајонс му бега за два поени на Нобл Парк. Во последниот натпревар нашиот претставник ќе има лесен противник, екипа што е за испаѓање од лигата, но за второто место повеќе ќе зависи дали Сандаун Лајонс ќе изгуби против Прахран Сити, што е исто така екипа од долниот дел на табелата.

В сабота, на 21 септември, Нобл Парк Македонија игра на домашен терен против екипата на Паркмор ФК со почеток во 15:00 часот.

Останати вести