Општина Арачиново е единствената општина во Македонија каде што воопшто не се плаќа данок на имот, покажа истражувањето на невладината организацијата Центар за граѓански комуникации (ЦГК) за тоа колкава била наплатата на данок на имот за 2017, 2018 и 2019 година.
Образложението од Општина Арачиново е дека немаат база на податоци на даночни обврзници, ниту даночно одделение, па затоа и воопшто не издаваат решенија за данок!?
На 11 декември 2020, пак, Владата донесе одлука да го помогне Арачиново со 500.000 евра неповратна помош. Уште тогаш беше јасно дека општината нема свои приходи зашто жителите ништо не плаќаат.
Годишно во државната каса се слеваат околу 21 милион евра од данокот на имот. Ова е данок на недвижности (земјиште, градежен плац, куќа/стан, деловен простор, магазин…) и изнесува 0.1% или 0.2% од проценетата пазарна вредност. За имотот во кој живее семејството на сопственикот има 50% попуст. За илустрација: лице кое поседува куќа и окуќнина вредни 250 илјади евра се задолжува да плати годишен данок од 250 евра. За многу пензионери тоа значи една пензија.
Премиерот Заев објави дека е во процедура е измена на стапката на данок на имот за објекти кои најмалку 6 месеци се неискористени – со зголемување на данокот за двојно.
Според податоците на ЦКГ, покрај Арачиново, најслаба наплата на данок на имот има во општините: Тетово 55%, Липково 51 %, Врапчиште 46 %, Желино 42 %, Гостивар 40%.
Најдобар процент на наплата на овој данок имаат општините: Македонски Брод, Ѓорче Петров и Велес, со по 97 %, Зрновци, Чешиново-Облешево и Македонска Каменица и Илинден со 96 %, а Кавадарци и Аеродром со 95 %.
60 % од данокот на имот во државата го собираат 10 општини. Според тригодишните просеци во оваа група се Центар (2.3 милиони евра), Карпош (2 милиони евра), Аеродром (1.4 милиони евра), Кисела Вода (1.3 милиони евра), Гази Баба (1.2 милиони евра), Охрид (1 милион евра), Битола (1 милион евра), Куманово (886 илјади евра), Илинден ( 694 илјади евра) и Кавадарци ( 646 илјади евра).
Податоците покажуваат и дека 70 % од парите за данок на имот доаѓа од граѓаните, а останатиот дел од 30 % се наплаќа од фирмите. Односно, од граѓаните, годишно, за данок на имот се прибираат просечно по 14.8 милиони евра, а од фирмите по 6.2 милиони евра.
Доколку се земе предвид наплатата на данокот на имот само од граѓаните, тогаш на врвот е Општина Карпош со наплатени 1.5 милион евра. Втора е Центар со 1.4 милиони, трета е Аеродром со 1.1 милиони евра.
Legenda Арачиновци сметаат дека херојски ја “цицаат” државата која не ја чувствуваат за своја. Не сакаат да плаќаат данок на имот од кој се самофинансира локалната самоуправа (за правење водовод, канализација, улици…)

