Пратеник во парламентот од редовите на либералите вели дека владата на Турнбул активно ги разгледува промените на данокот за домување, за да ги направи подостапни.
Џон Алекзандер, чија изборна единица, Bennelong, бележи најбрз раст на цените на недвижности, рече дека луѓето треба „многу внимателно да слушаат” кога прајминистерот зборува за плановите да се промени данокот на добивка од капитал. Но министерот за финансии, Матиас Корман, рече дека владата не добила предлог за промена на данокот на добит од капитал. “Ве уверувам, не работам на никакви планови” – рече тој.
Пратеничката на либералната партија и премиерка на Нов Јужен Велс, Gladys Berejiklian, изјави оти е отворена за потенцијални промени на данокот со цел да се зголеми достапноста за домување, тема која е во фокус на федералната влада и нејзиниот буџет.