Taеквондистот Дејан Георгиевски, кој пред десетина денови обезбеди настап на Летните Олимписки игри, ќе биде првиот олимпиец во таеквондо историјата на Македонија.
Веќе е објавено дека тој ќе биде и знаменосец на малиот македонски тим на ЛОИ, закажани од 23 јули до 8 август. Георгиевски е вториот Македонец кој обезбеди олимписка норма. Претходно тоа го направи борачот Могамедгаџи Нуров.
