Дебата за бегалската криза во австралискиот сенат

Сенаторот Бернарди зборуваше против прифаќање на повеќе бегалци посочувајќи го примерот на таткото кој на патот меѓу Турција и Грција го изгуби целото семејство, притоа ризикувајќи го животот на своите синови и на својата сопруга за да може во Западна Европа да ги поправи своите заби.

Потсетуваме, фотографиите од безживотното тело на малиот Ајлан го обиколија целиот свет, а неговиот татко кој дојде на погребот во разрушениот град Кобани, дозна дека џихадистите му убиле уште 11 членови на фамилијата.
„Сириските бегалци се опортунисти и ужасно е лицемерно од некои австралиски политичари да се користат со фотографиите на Ајлан за да ја придобијат јавноста и да населат Сиријци и Ирачани во нашата земја” – изјави конзервативниот политичар и тука не се сопре.
„Факт е дека ужасната фотографија не е поврзана со случувањата во Сирија и Ирак. Детето и неговото семејство три години живееле во Турција. Парите кои таткото им ги дал на криумчарите стигнале од Канада. И истиот тој татко ја ставил целата своја фамилија во брод за да може во Западна Европа да посети стоматолог. Не беа во опасност, никој не ги прогонуваше, во Турција нема војна!” – изјави Бернарди.
После овие изјави од Бернарди, од лабуристичката опозиција и некои медиуми тој беше распнат на столбот на срамот.
Сепак, факт е дека за случајот со удавеното тригодишно дете Ајлан, чија судбина некои злонамерно се обидуваат да ја презентираат во полза на нивните аргументи за зголемен прифат на бегалци.
Главното прашање останува неодговорено, зошто некои медиуми и одредени политичари Ајлан го нарекуваат Сиријче кога неговото потекло е од градот Kобане – кој со години е независна курдска територија на границата кај Турција, која нема врска со Сирија ниту, пак, со режимот на Асад. Таа територија, меѓутоа, и пречи на ИСИЛ која не може да постои без поддршката од Анкара, па затоа џихадистите минатата година го нападнаа Kобане и почнаа да го убиваат населението. Турција тогаш одби да ги пушти Kурдите од Ирак кои сакаа да дојдат на помош, по што Западот на чело со САД го принуди Ердоган да пушти само 150 курдски милитанти со силно вооружување да ги избркаат џихадистите од тој регион.
Во однос на сомнителниот бран на бегалци кои доѓаат со мобилни телефони, добро облечени и нахранети, во кои 75 проценти се мажи во најдобрите години, е навистина загрижувачко и не изгледа на група бегалци туку на голема преселба во побогатите земји. Австралија за време на Кевин Рад и Џулија Гилард секојдневно беше мета на криумчарите. Во тоа време Австралија немаше можност да воспостави кој е бегалец, кој е мигрант а кој е терорист.

Останати вести