Малком Трнбол и Бил Шортен дебатираа за иднината на нацијата

Првата формална дебата меѓу лидерите на двете најголеми партии се одржа минатава недела на државниот канал ABC. Прајминистерот Малколм Трнбол и лидерот на опозицијата Бил Шортен во Канбера имаа можност пред панелот новинари да одговараат на прашања пред целата нација.

Како главен дел во дебатата се наметна предлогот за намалување на данокот на ком­паниите. Прајминистерот смета дека со тоа ќе се овозможи зголемување на инвестициите и отворање на нови работни места, а лидерот на опозицијата се противеше дека со тоа им се даваат 7 милијарди во следните пет години на четирите најголеми банки што имаат акционери во странство.
Беа отворени темите за здравственото осигурување, глобалното затоплување, финансиската криза и бегалците.
По дебатата, деновиве ќе се анализира кој победил и бил поуверлив, но ова е само загревање бидејќи ќе следуваат уште дебати меѓу двајцата лидери како што ќе се приближува денот на изборите.

Останати вести