Децата денес се побавни од кога било

Децата денес не можат да трчаат брзо како што можеле нивните родители кога биле млади, покажала една глобална студија

 

Денешните деца ја претставуваат генерацијата која најмногу седи во историјата на човештвото. Истражувачите ги анализирале податоците од последните 46 години, вклучувајќи 25 милиони деца од 28 земји.
Просечното дете денес може да претрча 1,5 километри 90 секунди побавно од неговите претци, пред 30 години. Секоја деценија, децата биле побавни за 5 отсто на возрас од 9 до 17 години, а тоа се доведува во врска со дебелината.
Д-р Грант Томкинсон од Универзитетот на Австралија вели дека од 30 до 60 отсто помалата издржливост е предизвикана со зголемувањето на масното ткиво.
Најмногу проблеми имаат западните земји, но и некои делови од Азија како што се Јужна Кореја, копнениот дел на Кина и Хонг Конг.
Томкинсон смета дека неопходно е децата да се инспирираат и охрабрат да се бават со физичка активност. Во спротивно здравствените последици можат да бидат страшни.
– Ако човек веќе во младоста е во лоша кондиција, поголеми се шансите подоцна да страда од срцеви заболувања – додава д-р Томкинсон.
За да останат здрави, на децата и младите им треба макар еден час физичка активност дневно. Важен е и начинот на вежбање. Тоа мора да ги испоти децата.
– Физичката неактивност во детството доведува до сериозни срцеви проблеми во подоцнежниот живот – се согласува Кристофер Ален од Британската фондација која се бави со срцеви болести.

Останати вести