По три и пол години пауза, поранешниот светски шампион во две тежински категории, Дејвид Хеј oд Британија, се врати на рингот во полната 02 Арена во Лондон против Марк де Мори од Австралија.
Британскиот боксер Дејвид Хеј имаше фантастично враќање во рингот по пауза од четири години, победувајќи го својот ривал, Австралиецот Марко Де Мори, со нокаут во првата рунда. Тој не му дозволи на противникот да го слушне гонгот, со серија удари го собори на подот и го реши мечот на самиот старт.
„Повредата на рамото е минато. Чувствувам дека удирам посилно од било кога. Се чувствувам многу удобно по враќањето во рингот, како да се враќам дома. Сакам да продолжам понатаму против посилни, можеби незгодни противници по стилот, како би го продолжил подемот кон борбата за титулата. Фјури рече дека порадо би ја испразнил титулата наместо да се бори со мене, но не морам да барам борба со него, има поголеми борби, како онаа со Ентони Џошуа. Се вратив за големи борби. Сакам да ја обединам тешката категорија”, изјави Хеј по борбата.
На де Мори ова му е втор пораз во кариерата и прв од септември 2004 година.