Поетесата Љубица Поповска и писателот Нове Младеновски во соработка со Aвстралиско Македонското Литературно Друштво ‘Браќа Миладиновци’ од Мелбурн во саботата одржаа две промоции.
Прво во Томастаун беа претставени поетските книги “Битола Бабам Битола” и “Пролет во мојата душа” од Љубица Поповска. Промотор беше Виолета Јовановска, а поеми покрај авторката Љубица читаа и членови на литературното друштво ‘Браќа Миладиновци’.
Во попладневните часови, во Мернда следеше промоцијата на новиот роман на Нове Младеновски ‘Одблесоци од вечноста’. Оваа книга е во издание на Македоника Литера од Скопје. Романот го претстави професорката Емилија Жупаноска од Сиднеј.
Ова инаку е втор роман на авторот Нове Младеновски кој живее и твори во Мелбурн.