Нема да биде нескромно ако се рече дека до сега, оваа година Љубица Поповска постигна значителен успех објавувајќи дури пет книги поезија и беше учесник во уште седум книги со група автори.
Со ова Љубица го заокружи својот творечки опус на 10 издадени дела. Истакнат член на Македонското литературно друштво “Кочо Рацин” од Мелбурн годинава ги објави овие збирки песни „Виножито во мојата прегратка”, „Пролетен шепот”, „Траги во времето”, „Македонски непребол и гордост” и „Светлина во нас и околу нас”. Последните две ги издаде Агенцијата за иселеништво, а збирката “Светлина во нас и околу нас” е посветена на Јубилејот 50 години Автокефалност на МПЦ и стотина примероци беа предадени на Намесникот од црквата Св. Димитрија во Битола, кој направи несекојдневна промоција пред Олтарот на црквата во присуство на преставниците од Здружението “Златно перо” од Битола и присутните верници.
За збирката песни „Траги во времето” издадена од Здружението “Нова” и беше доделена наградата Книжевна гравитација што и беше предадена на фестивалот „Поетски синтензис” кој се одржа во јуни во Магазата во Битола.
