Демонстрации во Австралија против државниот празник

На протестот во Сиднеј присуствуваа околу 3.000 лица, а најмасовни протести се одржаа во Мелбурн.

На празникот со кој се обележува доаѓањето на првата флота и белите доселеници во сиднејскиот залив во 1788 година, доморотските жители на Австралија гледаат како на почеток на прогон и угнетување
Десетици илјади демонстранти протестираа во Австралија против државниот празник со кој се обележува доаѓањето на првите британски колонисти во 1788 година, сметајќи го овој празник за навреда на доморотските жители.
За многу Австралијци „Денот на Австралија” кој се обележува на 26 јануари претставува почеток на репресијата над Абориџините. Од таа причина тие бараат да се преиспита овој празник.
Над 10,000 луѓе протестираа во Мелбурн поради како што го нарекуваат „Денот на инвазијата”.
„Ова секогаш била и ќе биде доморотска земја” – извикуваа демонстрантите. А на транспарентите кои ги носеа пишуваше – „Вие сте на украдена земја”.
Илјадиници демонстранти и во другите градови протестираа против овој празник.
„Австралија треба да ги земе в предвид домортските народи. Да се прославува Денот на Австралија кога Европјаните ја завземале Австралија претставува навреда, тоа е непочитување кон луѓето чија земја ја земавме” – рече еден од демонстрантите.
Веќе неколку години во земјата се споменува идејата дека треба да се промени датумот на државниот празник. Минатата година три општини во државата Викторија гласаа дека повеќе нема да го празнуваат 26 јануари како празник.
Прајминистерот Малком Турнбул се противи на секоја промена, сметајќи дека тоа би предизвикало поделби.
Абориџините кои биле милион, кога дошле доселениците, сега не претставуваат ни три отсто од 24 милиони Австралици. Така што денес се помалку отколку на почетокот на колонизацијата на овој континент.

Останати вести