Денот на Австралија

Денот на Австралија се одбележува секоја година на 26 јануари, бидејќи на тој ден 1788 година т.н. “Прва флота” на британски бродови се истовари во местото Порт Џексон, во малиот Сиднејски Залив кој е природно пристаниште, а од новооснованата населба се разви градот Сиднеј.

Првичната идеја била да се истоварат во малиот залив Ботани Беј кој е 12км појужно, но тој се покажал како непогоден за пристаниште.
Капетанот Артур Филип на овој ден го издигнал британското знаме и се прогласил за гувернер на идната колонија Нов Јужен Велс, а како први жители на идниот град Сиднеј биле донесени затвореници.
Од друга страна Абориџините, автохтониот народ на Австралија, овој празник го прогласуваат за „Ден на инвазијата” и изминативе години ширум земјата се организираат протести.
Вообичаените слогани се: „Не е Ден на Австралија, туку Ден на инвазија”, „Променете ја историјата”, „Секогаш беше земја на Абориџините, секогаш ќе остане таква” и други.
Абориџините тврдат дека европските доселеници по пристигнувањето на континентот на 26 јануари 1778 година извршиле масакр над нив и поради тоа не го прославуваат овој ден.
Очигледно е дека ќе се развива дискусијата да се смени датумот за Ден на Австралија со некој друг важен историски настан кој ќе обединува и нема да остави место за незадоволство. Сите сакаме Австралија да остане заедничко општество на кое ќе бидеме горди.

Мнозинството сака да остане националниот ден
Повеќе од две третини од Австралијците поддржуваат Денот на Австралија да се слави на 26 јануари, откри ново истражување. Според анкетата спроведена над 1,038 лица од страна на Institute of Public Affairs, 69 проценти од Австралијците сакаат националениот ден да остане како што е, а само 11 проценти се за промена на датумот.

Се подготвуваат за конфронтација со полицијата
Владата на Даниел Ендрус оваа година ги откажа сите свечености и собири за одбележување на Денот на Австралија. Годинава нема да има парада во центарот на градот а во општините нема да има одбележување на овој празник. Сепак државните службеници ќе си го отседат дома денот и ќе го кешираат како платен празник.
Во Мелбурн организаторите на протестот за Денот на Австралија во вторник, кој го нарекуваат „Денот на инвазијата”, обезбедуваат обука за волонтери за тоа како да се справат при конфронтациите со полицијата, фашистите и „организираните расисти”.
Борците на абориџинскиот отпор соопштија дека одржуваат обуки на волонтери редари минатава сабота и утрото на протестот во вторник на 26 јануари.
Нивниот план е илјадници да маршираат по улицата “Сванстон” во Мелбурн на Денот на Австралија во знак на протест како ден на инвазијата и одземање на земјата од Абориџините.
Групата регрутира луѓе да бидат редари задолжени за „контролирање на точките на конфронтација и одржување на правилата за безбедност од коронавирусот”.
Волонтерите се советуваат да не го користат своето вистинско име и наместо тоа да користат псевдоним кога ќе се пријават како редари.
Повеќе од 5,000 корисници на Фејсбук досега тврдат дека ќе присуствуваат или дека се „заинтересирани” за протестот во Мелбурн во 10.30 часот на скалите пред Парламентот на Викторија.
Полицијата даде предупредување дека присутните кои не ги почитуваат правилата за социјално дистанцирање можат да бидат казнети со $1,652.
Премиерот Даниел Ендрус апелираше луѓето да не одат на протести.
– Ова ќе биде поинаков Ден на Австралија затоа што сме во средина на глобална пандемија, рече тој.
– Луѓето имаат право да протестираат, но сега не е време за такво нешто.
Еден друг собир, наречен парада за народниот Ден на Австралија, се планира од друга група демонстранти против рестрикциите за ковид-19 да се одржи во Queen Victoria Gardens во Kings Domain, St Kilda Rd.
Минатава година бевме сведоци на дволично однесување на власта во Викторија каде селективно се употреби силата од полицијата. Прво за време на рестрикциите дозволувајќи ги протестите за „Црниот живот значи”, а потоа цврсто беа забранети сите протести и негодувања.
Сведоци бевме на апсењето на бремена жена во Баларат поради повик за организирање мирни протести на социјалната мрежа Facebook против рестриктивните мерки.
Тогаш Зои-Ли Булер (28) беше приведена во нејзиниот дом во Викторија, пред очите на нејзиниот партнер и децата.
Полицијата тогаш знаеше да покрене обвиненија за објава на интернет со образложение дека тоа е „поттикнување” и планирање на протест.
Сега будно ќе гледаме како се одвиваат настаните за да видиме дали истите правила ќе важат за овие настани?

Останати вести