На одбележувањето на овој празник учествуваа неколку стотици илјади луѓе ширум Австралија. Во Мелбурн државјаните на Австралија со потекло од други земји на традиционалната парада ги носеа знамињата на земјите од каде доаѓаат како и знамето на Австралија.
Од друга страна Абориџините, автохтониот народ, овој празник го прогласија за „Ден на инвазија”, и ширум земјата организираа протести. Протестите во Мелбурн се одржаа пред Парламентот на Викторија. Абориџините тврдат дека европските населеници по доаѓањето на континентот на 26 јануари 1778 година извршиле масакр над нив и поради тоа, тие не го прославуваат овој ден. Абориџините со транспаренти во рацете извикуваа слогани „Не е ден на Австралија, туку Ден на инвазија”, „Променете ја историјата”, „Од секогаш била земја на Абориџините, секогаш таква и ќе остане”… Демонстрантите на два часа го сопреа сообраќајот на главната градска раскрсница и ја критикуваа власта поради начинот на кој се однесува кон Абориџините. Muriel Spearum за AA кажа дека годинава организираниот протест е еден од најголемите во последните неколку години. Spearum нагласи дека Абориџините никогаш нема да се откажат од борбата за своите права, затоа што тоа е нивна земја.