Прием за Денот на независноста на Република Македонија во Амбасадата во Канбера

Минатиов четврток во Македонската амбасада во Канбера со свечен прием се одбележа 8 септември, Денот на независноста на Република Македонија.

Амбасадорот Веле Трпевски и неговата сопруга Елена приредија коктел на кој беа присутни повеќе од 60 дипломати и голем број на истакнати лица од австралиската политика и македонската заедница во Австралија.
Посебна чест укажа федералниот пратеник Крег Кели кој одржа инспиративен говор за признавање на уставното име на Република Македонија. Дознаваме од доверливи извори дека пратеникот Кели минатава седмица е цел на оркестрирана кампања на грчката заедница која пишува писма и врши разни притисоци врз него за да го смени својот став.

Останати вести