Граѓанската асоцијација “Скопјанката Мајка Тереза” ја одржа традиционалната Манифестација “Денови на св. Мајка Тереза” кои се одржуваа од 26- ти август до 05 – ти септември.
По повод 108 години од раѓањето на св. Мајка Тереза, на 05.09.2018, на денот на упокојувањето, во Домот на АРМ во Скопје, на доделувањето на наградите за Хуманост, во пригодна програма, покрај поетесите Вера Благојевиќ од Битола и Лили Арсова од Велес, настапи и Љубица Поповска како претставник од дијаспората- Австралија со својата поема “Мајка Тереза” посветена на светицата, објавена пред две години во нејзината збирка “Македонски непребол и гордост”.
Со свои музички нумери настапија и Виолета Томовска и Драган Мијалковски. При тоа беа доделени и Благодарници и статуетки од Мајка Тереза на учесниците.
