ПРВА ФУДБАЛСКА ЛИГА НА ВИКТОРИЈА -7 КОЛО
Дербито на колото меѓу двата македонски тимови-лидерот Алтона Меџик Вардар и домаќинот Сиднам Парк Македонија заврши нерешено,без победник -3:3.
Домаќините дури трипати водеа, а гостите трипати израмнуваа. Водство на Сиднам Парк Македонија му донесе нивниот најдобар играч Марковски, кој во 9-та минута силно биеше, при тоа топката го закачи Сие и отседна во голот на Лончариќ. Гостите израмнија во 30-та минута кога по корнерот, најснаодливо реагираше Адамсон и тоа беше за 1:1.
Само четири минути подоцна, од слободен удар од 18 метри, Ким постигна извонреден гол, “евро-гол”, го погоди горниот лев агол на немоќниот Лончариќ. Претходно, капитенот Божиновски непотребно направи прекршок, погреши и Ким тоа лицидно го искористи, со прекрасен удар му донесе водство на својот тим од 2:1.
Во 58 минута Алтона Меџик Вардар израмни на 2:2. Гаспарис постигна убав гол.
Повторно на сцена беше Марковски кој добиената топка на десната страна, откосо биеше прецизно во десниот долен агол на голманот на Алтона Меџик Вардар и 3:2. Сепак, “магичните” пет минути подоцна израмнија, пак преку Гаспарис, а Адамасон само го потврди голот.
Во наредното коло, Алтона Меџик Вардар на свој терен го пречекува Вестгејт, в сабота на 21 мај со почеток во 17.30 часот.
Истиот ден во сабота, на 21 мај, Сиднам Парк Македонија игра во гости кај Кило Парк со почеток во 18 часот.