Сеќавањето на Тоше Проески и ѕвезденото небо уште еднаш блесна светлина и љубов за сите што присуствуваа на хуманитарниот концерт ДЕТСКА НАСМЕВКА ЗА ОВОЈ СВЕТ – A CHILD’S SMILE FOR THIS WORLD.
Во саботата, на 15 февруари, хуманитарната визија на Александар Зацески се реализираше и бевме сведоци на вистинското сплотување на луѓето.
Организаторите сакаат да им се заблагодарат на секоја личност што придонесе за убавата енергија и посебно на нашите неверојатно талентирани уметници од Ансамблот “Тоше” кои настапија во текот на целата ноќ. Сите имаа позитивен коментар за програмата, инспирирана од музичките евергрин песни, омилени на Тоше Проески и од најдобрите музички дела од Македонија.
Дарежливоста на спонзорите, заедно со средствата собрани од овој концерт, помогнаа „Игра без граници” да продолжи да работи кон целта за овој проект.



