Учениците кои го изучуваат македонскиот јазик во саботното училиште во Кило Даунс зедоа учество на 16-от по ред Интернационален Детски Фестивал кој се одржа во неделата на 21/05/2017 во Melbourne Town Hall во организација на Турската заедница.
Пред многубројната мултикултурна публика тие се претставија со македонско традиционално оро, презентирајќи ја македонската култура, традиција и јазик под раководство на наставничката Весна Дамчевска. Целта на организаторите на овој фестивал е да ги сплотат најмладите генерации од заедниците со различно национално и религиозно потекло, со што би ги надминале неразбирањето и нетолеранцијата помеѓу нив.
Оваа година Викториското училиште за јазици го претставува три играорни групи од три различни центри:
Ученци кои го изучуваат македонскиот јазик во Кило Даунс Центарот, ученици кои го изучуваат босанскот јазик од Криксајд Центсрот во Каролин Спрингс и ученици кои го изучуваат Пунџаби јазикот од Хамптон Парк.
Организаторите на Интернационалниот Детски Фестивал посебно му се заблагодарија на менаџерот на овие центри Садик Какдас, на учениците и нивните наставници, за учеството на играорните групи и збогатувањето на програмата а воедно упатија покана за следниот фестивал кој ќе се одржи наредната година.
Посебно значење овој фестивал има за Македонските ученици кои имаа можност да го претстават она што го изучуваат во саботите, да го сознаат значењето на изучувањето на мајчиниот јазик, традиција и култура и да се чувствуаат горди тоа да го претстават пред другите култури. Тие гордо го развиорија македонското знаме и со насмевка на лицето го извезија Пајдушкото оро пред многубројната мултикултурна публика.
Оваа прилика ќе ја искористиме да ги повикаме родителите, бабите и дедовците да ги запишуваат нивните деца и внуци да го изучуваат македонскиот јазик, затоа што со изучувањето на македоскиот јазик истовремено ги изучуваат македоската култура, традиција и обичаи и го зачувуваат нивниот идентитет.
Запишувањето на уцениците во Викториското училиште за јазици можете да го направите на веб страницата www.vsl.vic.edu.au.
В. Д.






