Девет згради во Мелбурн пет дена ќе бидат заклучени во карантин поради коронавирусот

Викторија во саботата го регистрираше најголемиот пораст на бројот случаи на зараза со новиот коронавирус од крајот на март, поради што се заостри наредбата за изолација на домовите во уште три насеби на Мелбурн во кои целосно се изолирани девет згради.

Во овие девет облакодери има 1.345 станови во кои живеат околу 3.000 луѓе.
Тие ќе бидат затворени најмалку пет дена, и оваа одлука, која е донесена откако многу од станарите биле позитивни на тест на Covid-19, веднаш стапи на сила од недела. 500 припадници на полицијата ќе дежураат на сите катови од облакодерите, а ќе се контролираат и влезовите во зградите.
Викторија, која има население од шест милиони забележува постојано зголемување на заразените со коронавирус.
„Вистински сме загрижени поради овие бројки. Ова се многу предизвикувачки времиња”, изјави премеирот Даниел Еднрјуз на прес-конференција.
Растот на бројот на заразените во Викторија се следи со големо внимание, имајќи предвид дека остатокот од Австралија го заузда ширењето на вирусот.
Во Нов Јужен Велс регистирани се во саботата шест нови случаи на зараза, од кои пет се утврдени кај луѓе кои се вратиле од странство. Шестиот случај е стара инфекција и не е активен случај, соопштија здравствените власти. Во петокот во оваа држава немаше нови случаи со корона инфекција.

Останати вести