26-годишната Џулија Монако од Мелбурн била на шопинг со пријателка во моментот кога комбето удрило во пешаци во Барселона. Ова е трет терористички напад што девојката го преживеала откако отпатувала од Австралија пред 3 месеци.
Како што наведува била во шопинг со неколку пријатели кога комбето влетало меѓу луѓето на познатото шеталиште „Ла Рамбла” во центарот на Барселона. Во нападот настрадаа 13 луѓе, а повредени се повеќе од 100.
Таа наведува дека ова е трета “блиска средба со тероризмот” во Европа – била во затвореното метро во текот на нападот на Лондонскиот мост, како и во Нотр Дам во моментот кога пред познатата катедрала е избоден еден полицаец.
Овој пат, како што изјави, била затворена во Палатата Каталонија на крајот на Ла Рамбла.
„Одеднаш не заклучија во продавницата и настана конфузија. Во наредниот момент трчавме кон задниот дел на продавницата кога ни рекоа да се тргнеме од излогот што подалеку и да легнеме на земја” – истакна Џулија Монако.
„Не го видовме комбето, само видовме гужва и полиција и некои луѓе кои очигледно виделе дека нешто ужасно се случило. Имаше околу 200 луѓе на плоштадот. Одеднаш сите почнаа да трчаат и да врескаат во исто време” – додаде таа.
Според нејзините зборови, во продавницата имало паника меѓу луѓето се додека полицијата не ги евакуирала низ вратата од страна.