Во Западна Австралија службено почна сезоната на пожари со издадено предупредување дека дел од жителите на оваа држава составиле план како да се постапува во итни ситуации.
На државно ниво покрената е кампања, која почна на подрачјето Argyle, на југозападот на државата и утврдено е дека оваа заедница е подготвена за сезоната на пожари по итната ситуација на Денот на Австралија. Scott Rowe, капетанот на протипожарното друштво. Argyle Irishtown рече дека се преземени заеднички напори за заедницата да се подготви во случај на пожар, по вонредната ситуација во 2015 година.
„Видовме дека заедницата е многу слабо подготвена и сфативме оти луѓето сакаат да знаат како подобро да се подготват. Поради тоа спроведовме вежби со сите жители и ги научивме како да направат планови во случај на пожар” – рече тој. Fran Logan, министерот за итни служби, рече дека го загрижува резултатот од истражувањето на DFES, според кој само 16% од жителите на Западна Австралија со своите семејства разговарале за тоа како да се преживе пожар. „Не може да верувате дека противпожарните служби, хеликоптерите и авионите ќе бидат тука. Морате да се подготвите себе си и својот имот” – рече тој. Рекламната кампања “Дали сте подготвени” веќе стартуваше, отворен е и онлајн чет, а готови се и печатени материјали. Управителот на DFES, Darren Klemm рече дека релативно мирната сезона како минатата, на жителите може да им даде лажно чувство на сигурност.
„Секогаш постои опасност дека може да се појави негрижа. Секогаш гледаме оти по големи пожари свеста за опасностите од нив следната сезона се на најголемо ниво, но како се намалуваат пожарите, така се повеќе се појавува негрижата” – вели тој. Управителот вели и дека покрај тоа што дождовите ја намалија сувоста на тлото, дополнителниот раст на ниските растенија може да значи опасност за време на топлите месеци.