Официјално: Ди Реста резервен возач во Вилијамс

Тоа што викендов се шпекулираше се покажа како вистинито на неколку денови пред почетокот на Австралиското ГП. Пол ди Реста се враќа во Формула 1 како резервен возач на Вилијамс за 2016 година, потврди екипата од Гров.

29-годишниот Шкот го напушти спортот во 2013 година откако мина 3 години тркајќи се за Форс Индија. Неговиот пласман на крајот на годината беше од 12то до 14то место, а 4то место во Сингапур во 2012 година и 4то место во Бахреин следната година му се најголем успех. По заминувањето од Формула 1, тој се тркаше во ДТМ, каде претходно, во 2010 година ја освои шампионската титула.
„Воодушевен сум што ќе се приклучам на Вилијамс како резервен возач. Годинава ќе биде густа поради тоа што ќе возам и за Мерцедес во ДТМ, но и ќе ја давам целосната поддтшка на екипата. Сакам да и заблагодарам на Клер Вилијамс што ми даде можност да бидам дел од тимот”, изјави возбудениот ди Реста.
Од екипата потврдија дека Пол ќе биде присутен на трките, но и ќе мине многу време во симулаторот со цел да се подготви во случај на потреба.
„Воодушевени сме што може да му посакаме добредојде на некој со искуството на ди Реста. Неговото знаење собрано во текот на 58те Формула 1 трки ќе биде непроценливо за нас. Уверени сме дека неговото минато во спортот и неговата сегашност во ДТМ ќе му помогнат веднаш да се вклопи во екипата”, гласеше изјавата на вториот човек на тимот, Клер Вилијамс.

Останати вести