Доколку ги саката тиквичките, но и некој килограм помалку, пробајте ја оваа диета која ќе го исчисти вашиот организам, но и ќе ги елиминира килограмите.
Тиквичките се исклучително корисни за многу болести – анемија, кардиоваскуларни болести, хипертензија, дебелина. Поради големото содржина на диететски влакна се намалува ресорпцијата на масти, па се поволни за диета при зголемен холестерол и триглицериди. Калиумот и магнезиумот влијаат позитивно на намалувањето на крвниот притисок.
Ако издржите еден месец во држењето на диетата со тиквички без проблем можете да се ослободите од 4-6 килограми. Ако се прридржувате на диетата една недела – загарантирана е губиток на 2-3 килограми. во загубите. Освен губитокот на килограмите, ќе го ослободите својот организам од штетните материи и ќе го освежите телото.
Покрај тиквиците во исхраната можете да ги вклучите и свежи моркови и зелка. Во попладневните часови можете да си направите салата од краставици, а за да го подобрите вкусот, во салатата додајте лажичка маслиново масло и неколку капки сок од лимон.
Менито на диетата со тиквички го вклучува и овошјето. За време на ручекот, вечерата и ужините дополнете го својот оброк со јаболки, киви, сливи, портокали.
За да биде исхраната што повеќе избалансирана, таа мора да содржи протеини, а тоа подразбира присуство на телешко месо, немасно говедско, мисиркино, пилешко месо. Месото можете да го замените со риба, но предност треба да се даде на речната риба, бидејќи морската не е поволна за оваа диета.
За пијалак користете обична вода (колку повеќе, толку подобро), зелен чај без шеќер, природни цедени сокови (јаболко, портокал).
За време на диетата со тиквички од исхраната треба да ги исклучите: пекарските производи, лебот, слатките, кафето и алкохолот.
Предност имаат тиквичките со темнозелена лушпа, која не треба да се отстранува од тиквичките, бидејќи се губи 80 отсто од хранливите материи користете ги заедно со кората.
Менито можете да си го составувате сами секој ден, но внимавајте да ги менувате намирниците што почесто (овен тиквиците), со цел да внесете што повеќе хранливи материи, односно јадете, различно овошје, различен зеленчук, различен вид на месо и сл. и тоа секој ден така. Количината строго почитувајте ја во секој оброк, а месото може да го замените (пилешко со свинско).
Пример на менито на диетата за еден ден:
Појадок:
Тиквичка на пареа (250 г) со зеленчук (150 г), шолја зелен чај
Ужина:
1 јаболко, чаша сок од портокал или вода
Ручек:
Печена тиквичка (300 г), парче варено месо (200 г), 1 киви или неколку сливи и шолја зелен чај
Ужина
Печена тиквичка (250 г), салата од зелка и морков (250 г), чаша сок од јаболки
Вечера:
100 г суви сливи или 2-3 свежи сливи, чаша сок од јаболко или шолја зелен чај.