Диетата по која што полуде светот: Јадете како да сте во 19 век и килограмите едноставно ќе се стопат!!

Љубителите на диетите ширум светот имаат и нов фаворит – наместо Палео, Медитеранска и УН диета, сега е сè повеќе популарна таканаречената Викторијанска диета.

Стручњаците коишто го советуваат овој начин на исхрана велат дека треба да се храниме како луѓето од 19-тиот век, и дека тоа не само што ќе ги стопи килограмите, туку и дека ќе направи да бидете многу поздрави. А дали знаете што е најдобро од сè? Луѓето тогаш јаделе и до 5.000 калории во еден ден – значи нема гладување!
Периодот помеѓу 1850 и 1872 година било златно доба на нутриционизмот, вели доктор Џудит Роуботам, научник и коавтор на студија што се занимавала токму со оваа диета. Луѓето што живееле во тоа време биле многу поздрави и повитални од нас, иако внесувале и до 5.000 калории дневно. Тоа јасно покажува дека рецептот за здрава диета не лежи во квантитетот – туку во квалитетот на она што го јадеме.
– Исхраната од тоа доба била базирана на лук, поточарки, зелка, цвекло, јаболки. Се јаделе остатоци месо од коските, а од варењето на коските се добивале грст од хранливи материи. Јаделе многу цреши, коишто во тоа време биле исклучително евтини и важеле за „овошје за сиромашни”. Исклучително застапена во исхраната била и рибата, особено харингата и скушата – објаснува д-р Роуботам.
А една важна ставка е и лебот. Луѓето во 19 век јаделе многу леб со квасец, којшто позитивно влијае на имунолошкиот систем, па не треба да нè изненадува што биле многу поздрави од нас. На трпезите посебно застапен бил зеленчукот, па луѓето во Викторијанската ера јаделе и до десет порции свеж зеленчук во текот на денот! Истражувањето на оваа докторка покажува дека луѓето во таа ера работеле до седумдесеттите години без било каков проблем – и запрашала колку 70-годишници познавате денес, коишто можат да се занимаваат со физичка работа? Некои податоци покажуваат дека луѓето денес минуваат од седум до десет години во лекување пред смртта, што тогаш дефинитивно не било случај. Поради сето тоа, докторката советува да заборавите на сите модерни диети и да се свртите кон начинот на исхраната од пред два века.
– Враќањето на начинот на исхрана од 19 век значело многу храна подготвена во домот и избегнување на преработена, купечка храна, како и акцент на овошјето и зеленчукот. Таков начин на исхрана би ни бил од голема корист – вели д-р Роуботам.
Важната разлика е во тоа што работничката класа во тој период внесувала многу повеќе калории, но секојдневно се занимавале со тешка физичка работа која ги трошела сите тие внесени калории. Денес многу време минуваме во седечка позиција, пред компјутер, па физичката активност е неопходна. Од друга страна, шеќерот тогаш бил луксуз, и се користел само како зачин, а не и како конзерванс.
Ваквиот вид на исхрана е вистински избор за денешните луѓе, бидејќи не бара многу одрекувања, ниту гладување, а се внесуваат сите здрави продукти.
– Многу свежо овошје и зеленчук, здрава риба и добри јаглехидрати е одличен рецепт за исхрана. Секако, избегнување на шеќерот и алкохолот е главна ставка и може само да ви донесе користи. Месото не треба да се јаде секојдневно, а физичката активност е неопходна – препорачуваат нутриционистите.

Останати вести