Македонско Австралиската Добротворна Организација од Сиднеј, во рамките на проектите, продолжува со објавување на артикли во нашите ценети и реномирани македонски весници. На овој начин, би сакале, сите членови во македонската заедница кои учествуваат во проектите, како и пошироката македонска заедница, редовно да бидат информирани на разни теми.
Во ова издание ќе зборуваме за новиот проект, за тренинг и менторство, кој е финансиран од BeConnected, а администриран од Good Things Foundation. Проектот е наменет за постарите лица од македонско потекло, како и за лицата со потекло од поранешните југословенска заедници. Преку овој нов грант, кој беше доделен на Македонско Австралиската Добротворна Организација, ќе биде купена дигитална опрема која ќе им биде позајмена, на одредено време, на постарите лица, кои немаат своја опрема.
Тренингот за користење на дигиталната опрема за постарите лица од мултикултурно потекло сега е многу поважно од било кога. Актуелната пандемија (светска епидемија) од Covid19, гo зголемија проблемот со изолацијата и комуникацијата, што ја потенцира потребата од зголемување на дигиталната писменост за повеќето постари лица од различно културно потекло. Социјализацијата во овие тешки времиња е уште поголем предизвик за лицата со овие дополнителни бариери.
Со финансиските средстства од грантот ќе биде купени дигитална опрема за лицата над 50 години кои се изолирани од лични причини и, исто така, за оние над 65 годишна возраст кои се социјално изолирани. Лицата кои имаат ментални здравствени проблеми, онеспособеност и проблеми со подвижноста, како и други здравствени состојби исто така ќе бидат дел од оваа програма. Програмата ќе ја подобри дигиталната писменост меѓу постарите лица од мултикултурно потекло.
Македонско Австралиската Добротворна Организација има 37 годишно искуство во овозможување на добросостојбата и поддршката на македонската заедница како и на поранешните југословенски заедници во Сиднеј, како единствена етноспецифична добротворна организација.
Претседателот на Македонско Австралиската Добротворна Организација, Елена Здравеска, изјави „Сега повеќе од било кога, постарите лица имаат потреба од поддршка, бидејќи тие се најранливи и имаат препреки и многу прашања. Ние сме тука да им дадеме одговори, успокоиме, поддржиме и помогнеме да останат поврзани на културно соодветен начин.”
Идејата за ваков проект е заснована на потребата луѓето да останат поврзани со своите фамилии и пријатели, овде и низ целиот свет, преку видео и телефонски разговори, желбата да слушаат традиционална музика и да гледаат драми и традиционални народни игри на интернет, и исто така да имаат можност да гледаат разни македонски рецепти и припрема на различни традиционални јадења. Исто така, можноста да се пратат информациите од владата во однос на здравствените и политички состојби во земјава и светот во врска со моменталната вирусна пандемија или некои други состојби играат многу важен дел од животот во овие тешки моменти.
За оние кои сакаат да учествуваат во овој проект, соодветната опрема ќе им биде доставена со тоа што ќе бидат запазени здравствените и сигурносни мерки препорачани од владата, како што се одржување на доволна оддалеченост, санитација, хигиена и други. Менторството и тренингот се овозможени на културно специфичен начин и на мајчин јазикот, преку видео или телефонски разговори.
Доколку се чуствувате изолирани или познавате некој кој се чувствува изолирано и се соочува со тешкотии во комуникацијата, поради недоволно познавање на англискиот јазик, или некои други видови на препреки, ве молиме да ја контактирате Македонско Австралиската Добротворна Организација на 8591 1341 или пратете емаил на Роза Георгиева на manager@mawasydney.org.au
Лихнида Бахчанџиева
Тасеска, Project Coordinator