Дијаспората ќе може да гласа на Референдумот 2018

Ако Македонците во иселеништво бојкотираат, Албанците ќе ги наполнат кутиите.

Државната изборна комисија (ДИК) на првата конститутивна седница во нов состав го усвои Правилникот за подготовка, организирање и спроведување на претстојниот референдум закажан за 30 септември, кој заедно со Законот за референдум и Изборниот законик ќе претставува основа за работата на ДИК. Усвоени се и Роковник и јавен повик за увид во Избирачкиот список кој почнува на 9 август и ќе трае до 23 август.
Референдумот ќе го спроведуваат Државната изборна комисија (ДИК), општинските изборни комисии, како и избирачките одбори формирани во 2017 година кои ќе бидат составени само од три члена односно во нив нема да има претставници на политичките партии.
Политичките партии се исклучени од овој процес на организирање референдум. Процесот на изјаснување на граѓаните ќе може да биде набљудуван од граѓански невладини организации.
Право на изјаснување ќе имаат граѓани кои наполниле 18 години, кои се деловно способни, имаат живеалиште во Република Македонија и ги има во Избирачикот список.
Според членот на ДИК, Јанакие Витановски, со Правилникот е предвидено на референдумот да имаат право на изјаснување и граѓаните кои ги има во Избирачкиот список, а не живеат во Република Македонија.
Првичните резултати од референдумот треба да бидат објавени 24 часа по завршувањето на гласањето, а тој ќе се смета за успешен доколку на него излезат повеќе од половината од запишаните во Избирачкииот список.
Потпретседателката на ДИК, Дитмире Шеху, изрази несогласување со начинот на организирање на изборите односно изјаснувањето на дијаспората имајќи предвид колку средства се трошат од државата за оваа намена. Таа ги повика граѓаните кои сакат да се изјаснат на референдумот да дојдат во Македонија и да гласаат.
Елизабета Апостоловска кажа дека ДИК испратила писмо до МНР за да се утврди екипираноста во дипломатско-конзуларните претставништва и да се види дали може да се намалат трошоците за изјаснување на дијаспората за референдумот.
Според шпекулациите, во иселеништвото преовладува ставот за бојкотирање на референдумот. Од друга страна, пак, тоа им олеснува на партиите на Албанците да не ги органзираат своите симпатизери од европските држави со авиони и автобуси да доаѓаат дури во Македонија (како што најави Али Ахмети), туку во поголем број да гласаат во ДКП-ата во странство.

Останати вести