Пршута, димена шунка, сланина, колбаси и други месни производи го зголемуваат ризикот од настанување карцином на желудник.
Зачестеното конзумирање пршута, димена шунка, сланина, колбаси и други месни преработки го загрозуваат здравјето, тврди група научници од институтот за истражување на ракот во Шведска. Скандинавските стручњаци открија дека споменатите сувомеснати производи го зголемуваат ризикот од појава на карцином на желудник.
До ваков заклучок стигнале по четириесетдневно истражување во кое учествувале 4.704 лица.
„Никој до сега така детално не ја истражил поврзаноста меѓу дименото месо со ракот на желудник. Анализите покажаа дека секојдневното користење на димени месни преработки го зголемува настанувањето на ракот на желудник од 15 до 38 проценти. Преработките се доста солени, димени и имаат големо количество на нитрат. Таа комбинација очигледно е виновник за зголемениот ризик за појава на карцином на желудник, четврта по зачестеност болест”, истакна доктор Сузана Ларсон, член на истражувачкиот тим.