Смртни случаи поврзани со конзумирање диња

Уште едно лице почина, а други пет се разболеа од листериоза по конзумирање диња, што резултираше со дополнителни предупредувања дека ова овошје не треба да се конзумира.

Здравствените власти на Нов Јужен Велс потврдија уште пет нови случаи на лица кои се разболеле од листериоза по првите десет случаи на оваа болест. До сега 15 случаи се поврзани со истата епидемија, вклучувајќи и три смртни случаи. Директорката на Заводот за заразни болести на Нов Јужен Велс, д-р- Vicky Sheppeard изјави дека се забележани четири случаи во Викторија и еден во Тасманија. Кај последниот забележан случај на оваа болест симптоми се појавиле во истата недела откога се откриени првите случаи, а последниот е забележан на 22 февруари.
„Кај сите 15 случаи станува збор за постари лица и повеќето од нив имаат и други сериозни здравствени тегоби. Шест лица меѓу кои и починатите лица, се од Нов Јужен Велс” – вели д-р Sheppeard.
Таа потврди дека 13 од 15 заболени лица конзумирале од споменатите дињи пред почетокот на болеста.
„Лица кои се подложни на листериоза треба да престанат со јадење дињи купени пред 1 март” – предупредува таа. Веста за третата смрт пристигна за време на разговорите за кризата во индустријата на производство на дињи која во овој момент по избивање на епидемијата, преиспитува како се пакува овошјето. Властите задолжени за сигурност на храната изјавија дека епидемијата е поврзана со еден одгледувач во Nericon во централниот дел на Нов Јужен Велс. Оваа компанија минатата недела доброволно се согласила да престане со производство откога е информирана за потенцијалната поврзаност со болеста, велат од Агенцијата за сигурност на храна на Нов Јужен Велс.
Овошјето за кое се сомневаат дека е причинител на оваа епидемија е повлечено од супермаркетите, но жителите можеби во своите домови ги имаат овие заразени дињи и се молат да не го јадат ова овошје.
Листериоза е болест која е особено опасна за бремените жени. Одделот за здравство на Викторија ги предупредува трудниците да не го конзумираат ова овошје ако не се сигурни во неговото потекло.
Агенцијата за сигурност на храната на Нов Јужен Велс, ги предупредува жителите кои се најподложи на листериоза, како што се постарите граѓани или оние со ослабен имунолошки систем, на пример ако се веќе болни или бремените жени, да избегнуваат да го конзумираат ова овошје, ако не е проверен неговиот извор, а ако веќе имаат дињи, нека ги фрлат. Властите од продажба и дистрибуција ги повлече дињите кои ја предизвикаа оваа епидемија.

Останати вести