Амбасадата на Македонија во Канбера го одбележа 20-годишниот јубилеј од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Република Македонија и Австралија.
На свеченоста присуствуваa истакнати гости од австралиската политичка сцена, дипломатскиот кор, како и претставници на Македонската заедница во Австралија.
Во своето обраќање амбасадорот Веле Трпевски им се заблагодарил на гостите за нивните заложби за промоција на интересите на Република Македонија во Австралија, како и за интересите на македонската дијаспора во земјата, притоа потенцирајќи дека очекува овој тренд да продолжи со дополнителен импулс во иднина, се до конечно затворање на сите прашања кои ги засегаат Македонците на овој континент.
Според Трпевски, огромно е значењето на Македонската заедница, како главен двигател или мост за развојот на односите помеѓу двете земји.
Помеѓу гостите беа повеќе федерални пратеници и политичари како што се Лук Симпкинс, Стивен Џонс, Алана Мектирнан, Тереза Гамбаро, Крег Кели, Дејвид Колман, Фред Ниле, Шерон Бирд, Мишел Роланд итн.



