Директорот на Вестпак банка поднесе оставка

Брајан Харцер, извршниот директор на втората најголема банка, Вестпак, поднесе оставка откога е објавено дека банката е вмешана во скандал со перење пари.

Регулаторите ја обвинија Вестпак за 23 милиони исплати во вредност од $11 милијарди долари, со што ги прекршиле законите за спречување перење пари и финансирање тероризам.
Исто така, тоа што е уште полошо за банката, е тврдењето дека не ги спречила исплатите кои се поврзани со сексуално искористување деца.
Како што се тврди, најстарата банка во Австралија, наводно, адекватно не ги нагледувала сметките на луѓе кои се осудени за сексуално злоставување деца, а кои редовно праќале пари на Филипините, соопштил Центарот за известување и анализа на трансакции.
Австралискиот банкарски сектор ја преиспитува Кралската комисија која нашла низа неправилности. Харцер е трет извршен директор кој е сменет откога почна истрагата, минатата година. Претседателот Линдзи Макстед исто така ќе поднесе оставка следната година, објави банката.

Останати вести