Следните десет рочишта затворени за јавност на судењето за „Дива населба“

Со сослушување на заштитени сведоци, продолжи судењето за пукањето во кумановската Дива населба, во кое на 29 лица им се суди за тероризам и терористичка организација. Судењето беше затворено за јавност, а затворени, најверојатно, ќе бидат и наредните десет рочишта.

“Затворени за јавност, најверојатно, ќе бидат и следните десет рочишта. Сè зависи од динамиката со која ќе се сослушуваат заштитените сведоци. Бројката на сведоци што треба да бидат сослушани во текот на судската постапка, не можеме да ви ја кажеме. Јавноста ќе биде известена кога судењето повторно ќе биде отворено и медиумите ќе можат да го следат процесот”, велат од Кривичниот суд.
На судењето за нападите во кумановската Дива населба досега беа сослушани неколку локални жители и гранични полицајци. На 29-темина обвинети им се суди за нападите врз полициската станица во Гошинце и во кумановската Дива населба, кога загинаа осуммина полицајци, а околу 40 беа повредени.

Останати вести