Командант Суља од Косово екстрадиран во Македонија, случајот “Диво Насеље” трет пат ќе почнува од почеток

Сулејман Османи (алијас командант Суља) од селото Бреза деновиве беше екстрадиран од Косово во Македонија. Како што јавуваат медиумите кои известуваат на албански јазик 55-годишниот сточар Османи во јули минатата година беше уапсен од косовските власти по распишана меѓународна потерница.

Тој е обвинет за серија кривични дела поврзани со терористичкиот напад во Куманово кога беа убиени 8 полицајци.
Иако претходно беше уапсен во Македонија во врска со нападот на караулата кај Гошинце и настаните во Диво Насеље, Османи во чудни околности со лисици на рацете успеа да и побегне на полицијата додека и го покажуваше тереноткаде претходно дејствувал со терористичката група.
Со неговата екстрадиција, Османи ќе им се придружи на 37 обвинетите и тоа ќе биде причина случајот “Диво Насеље” трет пат да почне од почеток.
Сведоците на обвинителството кои се соседи на обвинетите и полицајците заштитени сведоци повторно ќе бидат сослушувани, но можно е судот за да ја забрза постапката и само да ги прочита нивните изјави.
Османи во притвор ќе му се придружи на синот кој исто така е дел од големата група обвинети.
Синот беше уапсен и му се суди за помагање на групата обвинети за тероризам.
Таткото Османи е човекот кој знаел се за грабежот на караулата Гошинце и местото каде било скриено оружјето.
Полицијата со лисици на рацете го однесе за да и покаже каде е закопано оружјето, но тој и покрај големото полициско обезбедување успеа да и се изгуби на полицијата во шумата. Османи е интересен за случајот оти е сомничен дека учествувал во нападот на полицискта станица во Гошинце.
Полицајците кои беа малтретирани и ограбени еднаш се појавија во судница, но сега ќе треба по втор пат да кажат дали ќе го препознаат Османи како дел од напаѓачите.
Против полициските службеници задолжени за негово обезбедување од секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди при МВР е започната дисиплинска постапка поради непрофесионално постапување но полицијата до сега не се објавени резултати од истрагата.
Случајот Диво Насеље се суди неколку месеци со големо полициско обезбедување и трошоци за постапката.

Останати вести