Добар пат игумен Гаврил

Минатиот понеделникот, на 02. 10. 2017 година, кога се празнуваа светите маченици Трофим, Саватиј и Доримедонт; светиот маченик Зосим Пустиник и свети Теодор, кнез Јерославски, во црковната општина „Света Петка” во Рокдејл, игуменот Гаврил (Галев) одржа час по веронаука.

На предавањето беа присутни повеќе верници и духовни чеда на отец Гаврил, кои во оваа прилика му изразија благодарност за неизмерниот труд и подвиг, кој го вложува во мисија на црквата во Австралија. Игумен Гаврил од сега ќе биде стациониран во манастирот “Климент Охридски” во Кинглејк, каде за време на викендот одржуваше богослужби во храмот на овој наш голем и најстар манастирски комплекс.
Овој вторник дознаваме дека игумен Гаврил заминува во Македонија на едномесечен престој на што му посакуваме среќен пат и што побрзо да си дојде во нашата средина.

Останати вести