Добре и Цвета Мицевски прославија златна годишница од бракот

Честитки за Добре и Цвета Мицевски кои ја прославија нивната златна годишница од бракот.

На 20 септември 2014 година тие прославија 50 години заеднички живот. Среќниот пар се сретна во 1961 година во Битола, каде Добре работел за Македонската агенција за вработување, и тоа било љубов на прв поглед. Тие се верија во 1963 и следната недела Добре требал да оди на отслужување на воениот рок за 15 месеци. Потоа тој работел за Авто Македонија. Свадбата била на 20 септември 1964 година. Брачниот пар се преселил во Австралија во 1969 и живее во Сиднеј во текот на изминативе 45 години. Добре сега е 75 годишен, Цвета 70, имаат две деца, Роберт и Жанета и 6 убави внучиња. Тајната на нивниот долг и среќен брак е љубовта, респектот и опкружувањето со нивната фамилија.

Останати вести