Добредојде за новиот прајминистер во Канбера

 

Со ракување беше овековечен симболичниот момент како стариот прајминистер ја предава власта на новиот прајминистер. Минатата среда Тони Абот и Кевин Рад се сретнаа во куќата на прајминистерот во Канбера, а како гест на добредојде стариот жител го запозна со тура низ куќата.

Атмосферата беше средечна на средбата на двајцата политички водачи кои со овој симболичен чин на предавање на клучевите од куќата за лидерот на Австралија ја покажуваат и замената на власта.Оваа седмица прајминистерот Абот ќе го претстави неговиот тим на министри со кој ќе ја состави новата коалициона влада.

Останати вести