Македонската добротворна организација на Whitlesea Show

Минатата недела Ви ги претставивме членовите на групата за Социјална поддршка при Македонската добротворна организација чии дела беа првонаградени во настанот организиран од страна на Whittlesea Agricultural Society под име “Whittlesea Show”.

Оваа недела би сакале да ви ги претставиме членовите на нашата група кои учествуваа на овој настан и се здобија со втора награда.
Имаме чест повторно да Ви ја претставиме Г-ѓа Марина Блажевска која оваа година покрај првата награда освои и втора награда со преубававата плетка и рачна изработка на детска наметка.
Втора награда понесе и Г-ѓа Ангела Багас со преубаво украсено марамче.
Г-ѓа Багас е многу комуникативна и е незаменлив член во групата за социјална поддршка во северниот дел на Мелбурн. Се што прави таа отсликува љубов и посветеност и тоа видно се гледа во делото кое и донесе втора награда на овогодинешниот настан во Витлси.
Со втора награда се здоби и Г-ѓа Павлина Пецова која ја направи плетената чанта во нашите традиционални бои, жолта и црвена. Со добивањето на оваа награда, г-ѓа Павлина многу се мотивираше и ни вети дека следната година ќе не изненади со уште повеќе плетени изработки.
Од Македонската добротворна организација исто би сакала да ви ги покажеме и малите плетени детски чорапчиња кои на настанот беа пофалени за изработката и деталите. Доколку сакате да се приклучите во една од нашите групи за социјална поддршка или само сакате да не прашате нешто, слободно јавете ни се на 9318 1111 или на бесплатниот број 1800 988 767.

Останати вести