Mакедонската Православна Општина за Мелбурн и Викторија ја известува македонската заедница дека во недела, на 10-ти јули 2016 год со почеток во 8.00 часот наутро, организира доброволна работна акција во паркот “Македонија”, во Кинг Лејк.
На тој ден, и покрај другите зацртани работни активности, во главно, ќе се украсува дворот на македонскиот православен манастир “Св. Климент Охридски”, каде што според деталниот план на о. Гаврил, ќе се садат декоративни дрвца, цвеќиња и други растенија.
За таа цел, ги повикуваме сите заинтересирани кои сакаат да учествуваат на оваа доброволна и благородна акција, зa доброто на нашиот македонски народ и македонската православна црква, да се јават кај претседателот на Македонската Православна Општина за Мелбурн и Викторија, Мирчо Ангеловски, на телефон 0400 305 208.
Сите се добредојдени, сo молба доколку се во можност, да си понесат свои дворски работни алатки.
За сите учесници следува манастирски ручек.
