Се уште доцнат македонските пензии

Минатиот месец голем интерес предизвикаа написите околу проблемите со исплатата на македонските пензии во Австралија. Покрај големиот број на читатели што изразија незадоволство, бевме контактирани и од македонските органи кои се заинтересираа да им доставиме имиња и броеви од луѓето што се афектирани.

Од тогаш помина уште еден месец а се уште нема позитивно придвижување. Во меѓувреме по нашето ангажирање дојде потврда за писмото со регистриран број RR361600766AU, од Австралиската пошта која уредно ни достави копија дека истото што е испратено на 18 септември уредно е доставено до Фондот за Пензиско и Инвалидско Осигурување на Македонија. Писмото било примено во фондот на 3 октомври 2018 година. Во овој број ви го пренесуваме и тој доказ, со надеж дека ќе проработи ако не совеста барем работната етика и ќе се потрудат да го пронајдат оној кој се зафркава за време на работното време во таа државна институција.
Во меѓуврме постојат луѓе кои не примиле македонска пензија безмалку една година. Џабе што уредно се испраќа “Потврда за живот”, на секои шест месеци како што бара фондот и како што ги тера сите пензионери Австралија. Неофицијално дознаваме дека оваа државна институција ја води партијата ДУИ која 18 години е постојано на власт како партнерка на ВМРО—ДПМНЕ и сега на СДСМ, и е главен извор на корупција. Таму се има налупано голем број на неписмени партиски кадри кои се влезени по етнички клуч и се однесуваат како држава во државата.
Дали тоа ќе остане и понатаму така е прашање кое ќе го анализираме по еден месец, кога повторно ќе објавиме до каде сме со овој случај.

Останати вести