Доделувањата на државјанства на 26 јануари ќе бидат задолжителни за општините

Прајминистерот Скот Морисон ги отфрли тврдењата на лидерот на опозицијата Бил Шортен дека владата го политизира Денот на Австралија планирајќи да ги присили општините церемониите на доделувања државјанства да ги одржуваат на 26 јануари.

Прајминистерот го возврати ударот на лидерот на лабуристите откога тој веднаш не даде поддршка за овој потег за кој прајминистерот вели дека е здраворазумен. „Сметам дека Бил Шортен одбива да се соочи со ова” – рече Морисон.

Одредбата за општините, службените доделувања на државјанства да се одржуваат на Денот на Австралија пристигна откога неколку општини гласаа за поместување на овие настани од почит кон доморотците.

„Ако некои општини, како што видовме, сакаат да играат игри, па знаете, не мора да одржувате службени доделувања на државјанства, ќе ги организираме поинаку. Но, нема да го поткопуваме националниот ден на Австралија” – рече прајминистерот. Поради тоа ќе бидат воведени и правила на облекување со кои ќе биде забрането да се носат куси панталони или апостолки.

„Јас сум прајминистер кој се заложува за стандарди” – рече Мориосн.

Денот на Австралија ќе се одржи во сабота, и повторно почнува да се отвара национална расправа за најсоодветен датум.

Лидерот на лабуристите Бил Шортен изјави дека не е исклучена можноста за давање поддршка на овој план, но секако, ако ја освои власта, ќе го задржи овој ден како државен празник.

„На некој начин знаете кога пристигнува Денот на Австралија, секоја година, неколку недели порано, се појавуваат конзервативни идеи кои го политизираат Денот на Австралија. Конзервативците тоа го прават за да ги задоволат своите гласачи.” – рече тој.

Според промената на Кодексот на службени доделувања на австралиско државјанство кој ќе се воведе во првата половина на 2019 година, општините ќе мора да одржат втор службен настан за доделување на државјанства на 17 септември – Денот на австралиското државјанство.

Дејвид О’Лофлин претседателот на Здружението на локалните влади на Австралија вели дека некои општини поради големите температури овие настани ги одржуваат една вечер порано.

„Силен фокус на федералната влада за создавање врска меѓу Денот на Австралија и службените доделувања на државјанства е бизарен” – рече тој.

Дејвид Колман  министерот за имиграција рече дека овој потег би обезбедил секое лице кое добило државјанство тоа да го добие на 26 јануари.

„Оптините и локалните самоуправи повеќе нема да може да кажат не на Денот на Австралија” – рече тој.

Премиерката на Нов Јужен Велс, Гладис Берџиклиан изјави дека 26 јануари е логичен избор за одржување на доделувањата на државјанства. Но, заменикот на премиерот Џејмс Мерлино  е скептичен.

„Сметам дека ова има повеќе врска со федералните избори отколку со почитување кое владата на Морисон го има кон нашата земја” – рече тој.

Останати вести