Догледање на ѕвездите од Македонија

Заврши успешната турнеја на Ефто, Ферус, Кико и Петра со последниот настап во Мелбурн. Концертите беа буквално распродадени, единствено во Сиднеј не беше распродаден, но според организаторт имало петстотини присутни а салата имала капацитет до 1,000.

За прв пат Христијан Божинов – Кико настапи без групата “Болеро” во Австралија. Се сеќаваме кога Христијан Божинов започна со групата од 2004 та година и донесе cвежина и вокален колорит кој што ретко се среќава. Гласот на Кико се смета дека е еден од најдобрите вокали на Балканските простори, впрочем затоа е и популарен и ги освои срцата на сите иселеници ширум Австралија.
Ферус, маестро со саксофон познат и како “крал на ромската музика” на секое појавување предизвикуваше весела и наелектризирана атмосфера. Легендата Ефто настапи со својот богат репертоар, а тука беше и убавата Петра Велковска со мелодичниот глас.
Честитки за најдобриот менaџер Влатко од Република Ентертеинмент.

Останати вести