Догледање Јани Бојаџи

Минатава седмица во Џилонг и Мелбурн беа одржани последните претстави  на филмот “Ругање со Христос”.

Низ цела Австралија и Нов Зеланд  голем број нашинци имаа можност да ја следат проекцијата која беше беспрекорно организирана од неуморните активисти на Советот на Македонците од Австралија и режисерот Јани Бојаџи.

Гледачите искажаа големо задоволство од филмот “Ругање со Христос” и со масовна присутност како во Мелбурн, така и во Сиднеј и Перт го наградија режисерот за неговиот филм.

Навистина нејасно е зошто власта во Македонија го забрани овој филм. Освен тоа познато е дека и сеуште државата го нема платено целосно делот што го има ветено за продукција на ова дело.

Режисерот Бојаџи со прекрасни импресии и многу пофални зборови за Македонците во Австралија замина во неделата навечер од аеродромот во Мелбурн за Македонија. Дознаваме дека после десетина дена тој ќе треба да отпатува на нова турнеја, овојпат во САД и Канада. Се надеваме дека и таму публиката ќе го гледа неговиот фил во полни сали и прекрасна атмосфера.

Довидуване Јани Бо­јаџи и се надеваме дека  наскоро повторно ќе бидеш со нас во Австралија со нов  филм.

Останати вести