После исклучително успешната турнеја низ Австралија на Јордан Митев и оркестарот “Фаворити” од Битола, заслужено групата се освежи во туристичкиот град Голд Кост во Квинсленд.
Со прекрасни импресии од настапите низ целиов континент публиката со нетрпение сега ќе го чека нивниот настап во иднина.
Добриот глас и честитките за квалитетот и атмосферата што секогаш ја создава Јордан Митев му обозможи култен статус и голем број на обожаватели, кој од година во година е се поголем.
Во понеделник Јордан и групата “Фаворити” замина од Австралија за Македонија.