Кина и САД, двата најголеми загадувачи на светот, потпишаа договор за климата на свечена церемонија во седиштето на Обединетите нации во Њујорк.
Американскиот државен секретар Џон Кери изјави дека рекорден број од 171 држави присутни на потпишувањето на договорот претставува „победа” над штетните гасови кои што го предизвикуваат ефектот на стаклена градина. „Итноста на ситуацијата станува се поизразена”, изјави Кери кој смета дека постигнатиот договор е историски.
Договорот прв го потпиша францускиот претседател Франсоа Оланд кој ги повика земјите од Европската унија да го следат примерот и до крајот на годината да го ратификуваат договорот со цел што поскоро да стапи на сила.
Целта на договорот претставува одржување на глобалното затоплување на под два степени, односно до 1,5 степени Целзиусови како што побараа земјите кои што најмногу се погодени од климатските промени кои што се случуваат на Земјата.
Помошта на земјите во развој би требало да биде околу 100 милијарди долари годишно од 2020-та година кога што договорот ќе стапи на сила.
Покрај одржувањето на глобалната температура, договорот се однесува и на борбата против живата која што им се заканува на земјоделците, како и со прашањето за резервите на вода во сушните региони и морските ресурси.
Договорот би требало поволно да влијае во преориентирањето на светската економија кон други извори на енергија кои што не се фосилни, како што се јагленот, гасот или нафтата кои што апсолутно доминираат како енергенси во целиот свет. Документот препорачува и развој на обновливи извори на енергија, а тоа ќе влијае и на економиите на земјите ширум светот и заштитата на шумите.
Земјите треба да ги намалат емисиите на штетни гасови кои што го создаваат ефектот на стаклена градина кој е еден од главните причинители на глобалното затоплување, а ревизијата на емисијата на тие гасови ќе се спроведува на секои пет години започнувајќи од 2025-та година.