Договор за производство на вакцина против коронавирусот

Министерот за здравство Грег Хант потврди дека Австралија е во „напредни преговори” за производство на вакцина против коронавирусот.

Хант, кој се наоѓа во карантин во Канбера, вели дека Австралија до сега веќе потпишала два преддоговори со необјавливи податоци со производители на вакцини.
Неговите коментари се објавени по извештајот дека Австралија потпиша договор со Универзитетот Оксфорд за производство на „ветената вакцина”.
Овие информации се објавени додека поранешниот главен доктор проф. Brendan Murphy во неделата го предводеше тимот кој ги истражува „преговарачките позиции” за потпишување меѓународен договор.
Во светот се спроведуваат околу 160 клинички истражувања, а ќе има и повеќе во следните неколку месеци додека истражувачите се трудат да пронајдат најефикасна вакцина против вирусот. „Кога станува збор за руската вакцина, во овој момент не ја препорачува нашиот медицински експертски тим” – вели Хант.
„Ќе го следиме развојот на настаните и ќе бидеме особено внимателни кога станува збор за малите бројки, помалку од 40 лица на кои оваа вакцина е тестирана за време на инцијалните испитувања”.
Хант изјави дека податоците покажуваат оти сега е навистина веројатно научниците да развијат ефикасна вакцина против коронавирусот и таа би била достапна во 2021 година. Но не е јасно дали оваа вакцина ќе даде делумна заштита, слична како што ја имаме при борбата против грипот, која треба да се прима секоја година и која нема да даде целосна заштита.
Вакцината која би дала целосна заштита против коронавирусот би била слична на вакцината против големи сипаници или морбили. Хант изјави дека вакцината против коронавирусот во целост ќе ја финансира владата и таа ќе биде достапна за целата популација. Биотехнолошката компанија CSL во Мелбурн има погон кој е идентификуван како потенцијален погон за производство на вакцини. Гласноговорникот на опозицијата Chris Bowen позитивно ја оцени објавата на владата за текот на преговорите за решавање на зголемената потреба за вакцина, но тврди дека Австралија заостанува зад остатокот на светот.
„Во САД до сега се потпишани шест вакви договори, Обединетото Кралство потпиша три, Јапонија три, Бразил еден, и Јужна Кореја еден. Се надеваме вакцината ќе биде достапна во 2021 година, што порано во текот на годината тоа подобро” – вели тој.
Што е можно побрзо мораме да вакцинираме најмалку 60% од популацијата и со текот на времето сите граѓани треба да добијат вакцина против КОВИД -19 кога таа ќе биде достапна.
Федералната влада се наоѓа во завршна фаза на преговорите со производителите на вакцини кои би ја произведувал вакцината на фармацевскиот гигант AstraZeneca.
Оваа компанија со седиште во Обединетото Кралство неодамна го потпиша првиот договор за добивање вакцина во ЕУ и се обврзала за достава на 400 дози на експерименталната вакцина под името АЗД1222, Хант изјави дека е „оптимист” оти вакцината е блиску, но одби да ги потврди деталите.
Австралија, исто така, потпиша договор во вредност од 18 милиони долари со американската фармацевтска компанија Бектон Дикинсон и обезбеди испорака на 100 милиони игли и шприцови.

Останати вести